Уште еден играч си оди од редовите на Вардар

Рускиот пивот, Сергеј Горпишин по само една сезона ќе си оди од редовите на европскиот првак, Вардар.

Горпишин по првата сезона во Скопје не се изнаигра најмногу и затоа се реши на заминување од „црвено црниот“ табор.

Се очекува тој да се врати во Германија од каде и пристигна во Вардар минатата сезона.

Со заминувањето на Сергеј Горпишин, сега Стевче Алушовски на позицијата пикер ќе ги има само Столе Стоилов и Глеб Калараш, а тука се и младите Давид Гашовски и Стефан Атанасовски.