„Лут сум им на Роналдо и Меси, поради нив рекордот ми изгледа скромно!“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Беневенто, Филипе Инзаги секогаш се грижеше за своите рекорди кога станува збор за постигнување на голови и призна дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо го налутил.

Инзаги ја заврши кариерата во 2012 година, откако го освои Светското првенство, а двапати беше европски шампион со Милан и на 115 европски натпревари постигна 70 голови.

Сепак, Роналдо има 177 меча и 131 гол, додека Лионел Меси на 145 настапи постигна 117 голови.

„Роналдо го користам како пример во соблекувалната поради начинот на кој се тренира и игра, но лут сум им на него и Меси. Поради нив, мојот и рекордот на Раул изгледа скромно“, кажа Инзаги.