Кјелце во голема криза: Карачиќ би можел да се врати во Вардар!?

Кјелце остана без својот главен спонзор, односно компанијата „ВИВЕ“, со што се отворија големи финансиски проблеми во клубот.

Првиот човек на тимот, Бертус Сервас на прес-конференцијата кажа дека ќе остане во клубот, но спонзорот заминува бидејќи е погоден од кризата на коронавирусот.

Сервас кажа дека мора да се грижи за големиот број вработени што ги има, па нема можност повеќе да го финансира тимот, а со тоа почнаа и шпекулациите дека Игор Карачиќ би можел да се врати во тимот.

Хрватскиот ракометар веќе некое време го поврзуваат со трансфер во неговиот поранешен клуб, а дали ќе се случи тоа останува да видиме во следниот период.