Меси покажа како изгледа неговата нога по натпреварот со Севилја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона освоија само бод против Севилја (0:0) во петокот, а Лионел Меси по натпреварот беше во центарот на вниманието.

Меси на крајот од првото полувреме имаше дуел со дефанзивецот на Севилја, Диего Карлос, кој падна на тревата по физичкиот контакт со играчот на Барселона.

Многумина веруваа дека поради жестокиот старт врз Меси, Карлос може да добие црвен картон, но судијата не реагираше. Сепак, по натпреварот Мундо Депортиво објави фотографија во која објаснува зошто Меси бил толку лут.

Имено, Карлос стартуваше жестоко на Меси, иако играта беше прекината порано, што многу го налути Аргентинецот. Дека не станува збор за безопасен старт, најдобро покажаа фотографиите од тренингот, на кои се прикажани траги од раните на ногата на Меси.