Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ денеска пристигна во Белград, каде што заедно со своето семејство и екипата веднаш направил тест на коронавирус.
Српскиот тенисер не беше тестиран во Задар, како дел од тенисерите, туку реши тоа да го направи во својата татковина.
Член на тимот на Србинот, кондициониот тренер Марко Паники дозна дека е позитивен на Ковид-19 во Задар, но не покажал никакви симптоми на болеста.
Засега е познато дека покрај Григор Димитров, позитивни на тестот се Борна Чориќ и Кристијан Грох.
Горан Иванишевиќ, еден од организаторите на „Адриа Тур“ и тренер на Србинот, пред четири дена беше тестиран затоа што не му беше добро, но тестовите покажаа дека е негативен на вирусот.
Резултатите од тестовите се очекуваат во текот на денот.