Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги доби резултатите од неговиот тест на Ковид-19, кои се покажаа позитивни, а освен него позитивна на вирусот е и неговата сопруга Јелена.
Ѓоковиќ, откако се врати во Белград, веднаш направи тест за Ковид-19, па резултатот стигна денеска, по што тенисерот објави порака до јавноста.
„Веднаш по враќањето во Белград бевме на тестирање. Мојот тест и тој на Јелена се позитивни, додека децата се негативни. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да им се помогне на тенисерите од регионот да остварат приходи и полесно да го надминат тешкиот период. Жал ни е поради тоа што се заразија дел од присутните, но сакаме да порачаме дека го почнавме турнирот во период кога вирусот беше ослабнат“, кажа Ѓоковиќ.