Шпанија зборува за грозоморниот старт на Меси, судиите како да не му можат ништо на Аргентинецот

Во Шпанија ќе остане вечна дилема за тоа кои судии се повеќе за Реал или Барселона. Општ впечаток е дека мадриѓаните имаат поголема наклонетост, но исто така и Каталонците не заостануваат.

Од продолжението на Ла Лига, се виде преку дискутабилни ситуации, особено на натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид. За (не)играњето на Карим Бензема со рака за што се расправа веќе неколку дена.

Сепак, синоќа оние што мислат дека Барселона и Лионел Меси се оние кои се повеќе заштитени и за кои редовно им се гледа низпрсти.

Имено, во второто полувреме од натпреварот Барселона – Атлетик Билбао Меси застана на зглобот на Јерај Алварез со отворен ѓон и со тоа ризикуваше да нанесе сериозна повреда на баскискиот стопер.

Сепак, судиите имаа поинакво мислење за ваквиот старт, па Аргентинецот дури и не доби жолт картон. Тој остана на теренот и во 71. минута му асистираше на Иван Ракитиќ за победничкиот гол.