Типсаревиќ: Нема да го сожалувам Новак, знам какво срце има!

Пријателот на Ѓоковиќ, Јанко Типсаревиќ испрати порака по тоа што се случи на „Адрија Тур“, каде што неколку тенисери се заразија со Ковид-19.

На пензионираниот тенисер не му е лесно поради тоа што му се случува на Ѓоковиќ, но имаше порака со поддршка за Србинот.

„Не му е лесно, но нема да го сожалувам, зашто тоа е најлошо. Дефинитивно не ми е мило. Не сакам никого да сожалувам, зашто мене, во мојата кариера, по седум операции, ми беше најтешко кога ме сожалуваа. Жал ми е поради тоа што знам какво срце има Новак и што се обидува да направи со Адрија Тур“, кажа Типсаревиќ.

Претходно до српскиот тенисер пристигнаа уште неколку пораки со поддршка, но имаше и голем број критичари.