Иванишевиќ позитивен на Ковид-19: Луѓе, заштитете се себе!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По Новак Ѓоковиќ, и Горан Иванишевиќ е позитивен на коронавирусот. Хрватот вели дека третиот тест кој го направи за Ковид-19 бил позитивен.

За жал по двата негативни теста во последните 10 денови, денеска пристигнаа лоши вести и неговиот трет тест беше позитивен.

„Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ве известам сите кои бевте во контакт со мене за фактот дека сум позитивен на Ковид-19 и сакам да ве замолам да ги преземете сите потребни мерки. Им посакувам на сите заразени побрзо да оздрават“, кажа Горан.