Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Адрија тур“, хуманитарниот турнир кој го организираше Новак Ѓоковиќ, во последните денови е главна тема во светот на тенисот. Настанот беше откажат, зашто неколку учесници беа заразени од Ковид-19.
Многумина го критикуваа Новак Ѓоковиќ, што во доба на пандемија на Ковид-19 решил да го организира настанот.
Сепак, има и такви кои сметаат дека критиките се претерани. Меѓу нив е и поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер.
„Сакам да го одбранам Новак. Сметам дека критиките испратени на негова сметка не се фер и претерани се. Мислам дека Новак со најдобра намера го организираше турнирот. Се сложувам дека забавата која ја подготвија и играњето кошарка беа непотребни настани, но го разбирам тоа. И јас имав 30 години и сакав да уживам кога ќе се видев со пријателите. Не го оправдувам тоа што го направија, но го разбирам нивното искушение“, кажа Борис Бекер.