Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фотографија од илјада зборови. Ситуацијата во Барселона е далеку од идеална, како што покажува сцената кај Балаидос за време на натпреварот против Селта.
За време на паузата за освежување, помошниот тренер Едер Сарабија му се обрати на Лионел Меси, му пристапи и почна да му дава совети.
Кога Меси виде што се случува и што се договара, тој само се сврте и се оддалечи. Впечатокот е дека капитенот на Барселона практично не ислуша ниту еден член на стручниот штаб.
Сарабија беше изненаден од потегот на Меси, се обиде повторно да му се обрати, но аргентинскиот ас го изигнорира.
This is very clear that Messi does not respect Eder Sarabia, Quique Setien's assistant manager.
— Bill Eshun (@Bill_Eshun) June 29, 2020
A shame that Barcelona is going through this. pic.twitter.com/c77ysunsID
Сцена која покажува дека работите не функционираат во Барселона и дека ситуацијата пред решавачките натпревари е многу напната меѓу стручниот штаб и најголемите sвезди.
Патем, имаше многу тензии во соблекувалната по мечот со Селта. Имало жестока расправија помеѓу играчите и тренерот Сетиен. Ситуацијата секако беше дополнително отежната со синоќешната победа на Реал.
На шест кола пред крајот на Ла Лига, Барселона е на два бода зад Реал Мадрид и гледајќи во нивната сегашна форма, тие тешко дека ќе ја одбранат својата титула во Шпанија.