Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола повеќе од една деценија е во групата на најдобри тренери во светот, и секогаш имал џентлменски манири и голема почит кон ривалите.
Манчестер Сити не успеа да ја одбрани титулата во англиската лига оваа сезона, откако Ливерпул беше навистина супериорен и го освои својот прв шампионски трофеј од 1990. година.
Двата клуба ќе играат на „Етихад“ за неколку дена, а Гвардиола по победата во ФА Купот против Њукасл изјави дека „црвените“ ќе бидат пречекани со линија.
„Секако дека ќе подготвиме шпалир за нив. Ќе ги дочекаме во нашиот дом и ќе го направиме тоа онака како што тие заслужуваат“, рече шпанскиот тренер.
Ливерпул, исто така, официјално стана англиски првак од средината на минатата недела, откако Сити загуби од Челси на „Стемфорд Бриџ“.
Граѓаните ќе ја завршат тековната сезона на второто место, што не би можело да им биде од корист бидејќи нивниот настап во Лигата на шампионите е под прашање поради суспензијата на УЕФА.