Навивачите на Интер во транс: Хакими стигна во Милано на медицински прегледи! (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ашраф Хакими ја воодушеви фудбалската јавност со игрите во дресот на Борусија Дортмунд сезонава. Овој 21-годишен играч во Дортмунд стигна на позајмица од Реал Мадрид, па остави силен впечаток.

Италијанските медиуми објавија вчера дека Реал Мадрид и Интер го договориле трансферот на Хакими, па тој денеска ќе потпише со клубот од „Џузепе Меаца“.

Новинарот Џанлука Ди Марцио утрово објави дека Хакими стигнал во Милано на медицински прегледи, по што треба да потпише договор со „нераѕурите“.