Мерачот на температурата затаи во најлош можен момент кога дојде на ред Меси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона го совлада Виљареал (4:1) полесно отколку што се очекуваше синоќа на натпреварот од 34-то коло на Ла Лига.

Каталонците успеаја да се извлечат со победа и да задржат четири бода зад лидерот Реал Мадрид, а тие сè уште имаат повеќе или помалку шанси да ја одбранат титулата на крајот на сезоната.

Еден од најдобрите на теренот синоќа беше Лионел Меси кој запиша две асистенции.

Но, интересна ситуација се случи со Меси се случи пред почетокот на натпреварот. Секој што ќе влезе на терен мора да ја измери температурата, а Меси имаше проблеми со тоа во Де ла Керамика.

Имено, Меси мораше да ја измери температурата неколку пати пред да влезе на стадионот и многумина за момент помислија дека има покачена температура. Но, за среќа се покажа дека има проблем со апаратот што тој не работеше кога се појави Аргентинецот.