Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот првак Вардар продолжи со засилувањата за следната сезона, во која повторно ќе има големи амбиции, меѓу кои и пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони, а денеска тие потврдија уште едно засилување.
Марко Вујин е поранешен ракометар на Веспрем, Кил и Спортинг, а во Скопје доаѓа со огромно интернационално искуство, каде што се очекува да има голем придонес во играта на „црвено-црните“.
Српскиот интернационалец потпиша двегодишен договор со Вардар, а во сезоната која следи ќе го носи дресот со број 41.