Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен би можел да има вистински спектакуларен напад следната сезона.
Откако го донесоа Лерој Сане од Манчестер Сити ова лето, напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани, исто така може да стане нов член на нападот на Баварците.
Француските медиуми тврдат дека Хасан Салихамидиќ бара друг напаѓач, кој дополнително би ја засилил конкуренцијата на нападот, каде го има Роберт Левандовски и се решиле да го ангажираат Кавани.
Салихамиџиќ стапил во контакт со агентот на Кавани. Се зборуваше за евентуално пристигнување на уругвајската ѕвезда во Минхен и не би било чудно што тоа ќе се случи.
Кавани се поврзуваше со Бенфика во претходните денови. Сепак, португалскиот великан очигледно нема да може да ја исплати неговата годишна плата од најмалку 10 милиони евра, така што Баерн е доста можна опција.
Искусниот 33-годишен напаѓач играше во ПСЖ во последните седум години, а претходно играше за Наполи, Палермо и Данубио.