Платата на Пирло во Јувентус е далеку под просекот!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Андреа Пирло ја доби довербата од раководството на Јувентус и стана нивни тренер. Легендарниот Италијанец ќе го замени Маурицио Сари на кормилото на италијанскиот шампион.

Јувентус е еден од најбогатите клубови во светот, но за разлка од конкуренцијата нема да дава многу пари за тренерот.

Додека Пеп Гвардиола и Диего Симеоне заработуваат околу 10 милиони евра годишно, Пирло ќе заработува далеку под просекот, односно негова годишна плата ќе биде „само“ 1,8 милиони евра.

Пирло со „Старата дама“ потпиша договор на две години.