„Марка“ ги разочара фановите на Реал Мадрид


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Шпанската „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид нема да носи засилувања во летниот преоден рок поради тешката финансиска ситуација предизвикана од коронавирусот.

Сезоната за „кралевите“ и официјално заврши по испаѓањето од Лигата на шампионите.

По тој натпревар следело завршно собирање на играчите на кое им било кажано дека клубот е задоволен со оствареното оваа сезона во која Реал стана шампионво Ла Лига.

Генералниот менаџер Хосе Анхел Санчес го известил тимот дека нема да има засилувања ова лето поради тешката ситуација со финансиите.

Флорентино Перез уште претходно јавно рпизна дека се сомнева дека во клубот ќе пристигне некое големо име ова лето.