(ВИДЕО) Човекот врескаше од болка: Ужасни сцени при обид да крене 400 килограми

Кревачот на тегови Александар Седиху претрпе скршеница на двете колена, откако се обиде да крене тегови од 400 килограми.

Седиху има скршеница на обете колена и човекот само врескаше од болка, а за среќа нема повреда на ‘рбетот.

Несреќниот кревач на тегови беше итно префрлен во московска болница на операција, а како што вели, најтешко за него е што ќе мора да лежи во кревет наредните два месеци.

“Фактот дека ќе легнам во кревет два месеци е најтешко за мене. После тоа ќе морам да научам да одам повторно. Ќе ми треба време да се опоравам”, рече Седик.

Сцените во видеото не се за чувствителните.