Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона деновиве се наоѓа во хаотична состојба по тешкиот пораз во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн (8:2).
Каталонскиот клуб доживеа огромен срам, а тоа е само уште еден доказ дека на Барселона се потребни големи промени. Сите бараат од претседателот Јосеп Марија Бартомеу да си даде оставка и да ја напушти оваа функција затоа што препознатливата филозофија на Барса е изгубена уште од неговото пристигнување.
Сепак, се чини дека деновите на многу играчи во Барселона се одбројани, а дека повеќето од нив ќе бидат на трансфер-листата. Но, она што најмногу ги разочара навивачите беше фактот дека клубот дошол до заклучок дека Лионел Меси исто така сакал да си замине.
Меси има едногодишен договор и одбива да го продолжи. Сепак, шпанските медиуми синоќа објавија дека Аргентинецот веќе сака ова лето да ја напушти Барселона, односно тој поставил ултиматум за да си замине или тој или Бартомеу.
Мундо Депортиво утрово пишува дека Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата и дека Пеп Гвардиола им кажал на челниците на клубот дека мора да сторат сé за да го доведат Меси, доколку реши да ја напушти Барселона.
Се чини дека Сити е единствениот кој може да си дозволи да го донесе Меси, а тие веќе се обидоа да го сторат тоа пред две години кога Аргентинецот ги одби. Но, ако Бартомеу остане претседател на Барселона, не би било изненадување ако Меси го напушти овој клуб каде што играше од почетокот на кариерата.