Усеин Болт заразен со ковид-19!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поранешниот ас на атлетиката, Усеин Болт е заразен со ковид-19. Тој објави порака преку Фејсбук во која кажа дека бил позитивен на тестот кој го направил во сабота.

Болт кажа дека се чувствува добро и дека е во домашна изолација во моментов.

„Ги повикувам луѓето сериоззно да ја разберат оваа пандемијата. Ве молам, почитувајте ги мерките за социјална дистанца“, кажа 34-годишниот Болт.

Болт во петокот организираше забава по повод 34. роденден, а на него имаше многу учесници кои не носеа маска.