Повикот кој го натера Меси да побара раскин на договорот со Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси вчера побара од раководството на Барселона да го напушти клубот оваа година. шпанските и аргентинските медиуми пишуваат дека Аргентинецот испратил порака преку факс, а таа се појави на интернет.

Шпанските медиуми објавија дека управата на Барселона го одбило барањето на Меси, зашто нема никаква правна основа за раскинување на договорот.

Каталонското радио пишува дека Меси неодамна разговарал со Пеп Гвардиола и токму тој разговор бил пресуден за Аргентинецот да посака да го напушти каталонскиот клуб.

Медиумите шпекулираат дека Манчестер сити има 300 милиони евра на располагање за нови фудбалери, а Барселона бара 700 милиони евра за Меси.