Формула 1: Тоскана го „крши мразот“, гледачите повторно на трибините

За прв пат оваа сезона, публиката ќе може да присуствува на Гранд при на Тоскана.

Корона пандемијата го разниша спортот во светот, вклучително и Формула 1.

Шампионатот е во тек, но љубителите на најбрзиот циркус во светот не можат да ги гледаат своите миленици од трибините.

Но, и тоа наскоро ќе се смени бидејќи официјално е објавено дека одреден број гледачи ќе можат да присуствуваат на Гранд При на Тоскана, што е закажано за 11-13 септември.

Во текот на трите дена на програмата, 2.880 гледачи ќе можат да присуствуваат на трките, по 1.000 на централната и на Матераси трибината, додека 880 билети ќе бидат поделени на членовите на клубот Скудерија Ферари за трибината 58.

Направен е детален план одобрен од здравствените власти во регионот и гарантира безбедност за сите присутни гледачи.