Салихамиџиќ за нереалната плата на Алаба: Не верувам дека мисли дека е пред Левандовски и Нојер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во интервју за Кикер, Хасан Салихамиџиќ даде свој коментар за комплетната ситуација поврзана со новиот договор на Давид Алаба.

Австриецот влезе во својата последна сезона на договор со баварскиот гигант. Преговорите за соработка се завршени, но засега договорот не е ниту близу.

Алаба и неговиот агент бараат плата од 20 до 25 милиони евра. Баерн не е подготвен да понуди толку пари за нов договор, па во последно време се слеваат обвинувања од обете страни.

Таткото на австрискиот фудбалер и агентот Пини Захави го обвини Ули Хенес дека игра валкани игри и дека во медиумите кажува невистини за платата што ја барал.

На крајот на краиштата, Салихамдичиќ проговори и имаше јасна порака за Алаба.

“Сите сакаме Давид да стави до знаење дека тој ги одбил сите наши понуди. Како и да е, ние сè уште се обидуваме да го убедиме да потпише. Тој е одлично момче, сите го ценат”, рече Салихамиџиќ, а потоа се сврте кон агентот Пини Захави и зборовите на Ули Хенес за бараната плата на австрискиот фудбалер.

“Тој размислува во друга димензија. Може да го направи тоа, но ние нема да го следиме. Нема да правиме никакви лудории на кои може да се навикне од други клубови. Особено не во овој период кога има големи загуби во сите деловни сфери. Ули само рече што Пини Захави веќе знае. Постојат одредени исклучоци во Баерн кога станува збор за финансиски трошоци. Тоа се Роберт Левандовски и Мануел Ноjер. Не верувам дека Давид мисли дека е над овие соиграчи”, рече јасно Салихамиџиќ.

Алаба во минатото се поврзуваше со Манчестер Сити, ПСЖ, а претходно интерес за него покажуваа Барселона и Реал Мадрид.