Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Душан Лајовиќ беше елиминиран во петокот во осмифиналето на Мастерсот во Рим, откако беше поразен од шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 1-6 и 1-6.
Во тек на мечот се случи една интересна сцена, во која Душан заборави дека треба да си го земе својот пешкир, па случајно го зема тој на Надал и се избриша со него.
Кога се сети дека го направи тоа, Србинот мораше да оди зад аут-линијата и да си го земе својот, а притоа му порача на Шпанецот: Се надевам дека не си позитивен на ковид-19!
„Не, не сум“, се насмеа Надал додека се подготвуваше за продолжение на дуелот.