Неверојатна гужва на врвот на генералниот пласман во Мото ГП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со победата на вчерашната трка на Големата награда на Емилија Ромања, шпанскиот мотоциклист Маверик Вињалес се проби на третото место во генералниот поредок.

По Големата награда на Емилија Ромања, имаше голема гужва на самиот врв од генералниот поредок, па нè очекуваат многу возбудувања до крајот на шампионатот во Мото ГП.

На првото место со 84 бода е Италијанецот Андреа Довициозо од Дукати, бод зад него се Французинот Фабио Квартараро од Петронас Јамаха и споменатиот Вињалас од Монстер Енерџи Јамаха.

На четвртото место е Шпанецот Жоан Мир од Сузуки со 80 поени, додека петтопласиран Италијанец е Франко Морбидели од Петронс Јамаха со 64 поени, како и шестопласираниот Австралиец Џек Милер од Прамак Расинг.