Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тенисерот од Сараево, Дамир Џумхур беше исфрлен од Ролан Гарос затоа што неговиот тренер бил позитивен на првиот тест на ковид-19, иако имал анти-тела.
Затоа Поповиќ се побуни, како и Џумхур, па бараа да се повтори тестот. Тоа не им беше дозволено, поради што тенисерот беше посебно револтиран.
Новак Ѓоковиќ му испрати поддршка и Џумхур најави дека ќе оди на суд ако биде потребно, а тестовите од Нови Сад, направени на 21 септември потврдуваат дека Поповиќ е негативен на вирусот.
„Тестот на мојот тренер од вчера. Само ден откако беше позитивен на Ролан Гарос. Треба сите да ја знаат вистината. Единствената вистина е дека Џумхур без причина е дисквалификуван“, вели тренерот на тенисерот.