На Раул му се „тресе“ столчето по поразот на ПСЖ од Мешков Брест


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалес, кој во минатото ги предводеше македонската ракометна селекција и Вардар, би можел да остане без ангажман.

Шпанскиот тренер е пред отказ по поразот на ПСЖ во ракометната Лига на шампиони од Мешков Брест на гостувањето во Белорусија.

Ова е втор удар за францускиот гигант, откако претходно пред свои навивачи доживеаа неуспех против Фленсбург, па тоа му создаде проблеми на Раул.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ сериозно размислува да го отпушти Раул, кој не се појави ни на пресот за новинарите.