Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарите на Мајами хит успеаа да ја намалат негативата зад Лос Анџелес Лејкерс на 2-3 и да триумфираат во мечот број пет во НБА-финалето.
Џими Батлер во третиот меч имаше одличен настап со 40 поени и трипл-дабл, а сега успеа да го надмине.
Батлер за вкупно 48 минути одигра 47 и повторно беше предводник на неговиот тим со трипл-дабл од 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции.
Мајами славеше со 111-108 и закажа нов дуел кој ќе се игра во ноќта меѓу недела и понеделник, а како изгледаше Батлер по мечот, може да погледнете во видео-снимката.
Jimmy Butler played 47 of 48 minutes in Game 5.
— ESPN (@espn) October 10, 2020
Respect. (via @sam_amick) pic.twitter.com/nyRys7NPAg