Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс по една деценија ја освоија НБА-титулата, откако го победија Мајами хит во финалнат асерија со 4-2. По мечот следеше голема прослава со навистина неочекуван епилог.
По кратката прослава, како и фотографирањето во салата во Орландо, автобусот со новиот шампион тргна кон хотелот, а во неа славеа играчите на Лејкерс, но не сите, зашто го заборавија Квин Кук.
Никој од кошаркарите не забележа дека Квин останал во салата на прес-конференцијата. Тој потоа се вклучи кај Џеј-Ар-Смит на Инстаграм и ги молеше соиграчите да се вратат по него.
„Чекате, ќе морам пешки да се враќам по освоениот прстен!? Враќајте се по мене!“, напиша Кук.
The Lakers team bus forgot Quinn Cook at the arena so he went on JR's IG live and told them to come back ?
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 12, 2020
(via @TheRealJRSmith) pic.twitter.com/sthp7sjINB