Баерн Минхен му е кошмар на Суарез – ќе почне да го мрази фудбалот поради нив!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа на домашен терен триумфираа со 4-0 против Атлетико Мадрид во првото коло од групната фаза.

Германскиот тим на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во елитното натпреварување во кое ја бранат титулата.

Во центар на внимание е Луис Суарез, кој неодамна потпиша за Атлетико. Уругваецот одигра 76 минути, но Баерн дефинитивно му е кошмар.

Суарез на последните два меча против Баерн загуби двапати. Првиот дуел се играше пред два месеци, кога настапи за Барселона, а тогаш неговиот клуб беше декласиран со 2-8.

Суарез и синоќа беше на теренот, па помина за нијанса „подобро“ од претходниот пат, затоа што Атлетико загуби со 0-4.