Ова беше единствен пораз на Хибиб: Заплака на крајот! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов се пензионираше во момент кога имаше 29 победи и ниту еден пораз во професионалната кариера и како шампион си заминува од УФЦ.

Хабиб против Џастин Гејџи во саботата ја запиша последната победа во кариерата и остана шампион во лесна категорија во УФЦ.

Иако во официјалните натпревари во ММА, Хабиб не беше никогаш поразен, сепак на интернет се појави видео од една борба кога бил дете и го доживеа единствениот пораз.

Во 2005 година Могамед Ибрагимов го совлада Хабиб на само 17-годишна возраст, а тоа беше финале во руското првенство во категорија до 68 кг.

И по пресметката, како и неодамна по последниот меч во кариерата, Хабиб се расплака додека ривалот го утеши.