Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ вчера беше декласиран од Лоренцо Сонего во четвртфиналето на турнирот во Виена, Австрија.
Ѓоковиќ по мечот на прес-конференцијата кажа дека ова бил чуден ден за него и објасни дека не бил мотивиран за игра, но најважно е тоа што го постигнал посакуваното, а тоа е да остане прв до крајот на годината.
„Да бидам искрен и не ми се играше премногу. Едноставно не бев мотивиран, го одработив тоа што го сакав и поради кое дојдов тука. Навистина чуден ден. Тоа е што е. Пордолжувам понатаму. Сега ќе бидам со семејството, се враќам во Србија и се радувам на тоа. Потоа ќе се спремам за Лондон и ќе се обидам таму да бидам на највисоко ниво“, изјави Ѓоковиќ.