НБА ќе се соочи со неверојатна загуба ако не почне сезоната до крајот на 2020!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Засега не е познато кога ќе почне новата сезона во НБА-лигата и дали натпреварите ќе се играат со присуство на гледачите.

Раководството на НБА-лигата и кошаркарите преговараат за договор во кој една од главните точки е почетокот на новата сезона.

Водството на НБА-лигата предлага сезоната да почне на 22 декември и бројот во регуларниот дел да се намали од 82 на 72.

Меѓутоа, од синдикатот на играчите сметаат дека сезоната треба да почне во јануари следната година, па во наредните денови ќе се преговара за тоа.

Тоа поради што водството на лигата инсистира на почеток на сезоната на 22 декември се финансиите, односно сметаат дека почетокот по Божиќ и Нова година би донел загуба од 500 милиони до милијарда долари.