Тренер на познат тенисер заглавил во Виена сред нападите: Осум часа бевме затворени, исплашен сум...

Тренерот на Доминик Тим, Николас Масу преживеал вистински хорор за време на вчерашниот напад во Виена, Австрија.

Синоќа во австрискиот град се случи голем напад при што имаше пукање и многу луѓе завршија повредени, а Масу бил во средина на нападите.

Тренерот на австрискиот тенисер веднаш се јави преку социјалните мрежи и порача дека е во ред и дека не е повреден во нападите во Австрија.