Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација ги почна квалификациите за Европското првенство во 2022 година со триумф против Финска од 33-24, а најдобар во победата беше легендарниот ракометар Кире Лазаров, кој постигна 11 голови.
Во ниту еден момент на натпреварот немаше сомнеж за победник на натпреварот, па Македонија си запиша лесна победа на стартот на квалификациите, а Лазаров и на 40 години покажа дека е мајстор и лидер на селекцијата.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави неговата „ракета“ на мечот против Финска, која воодушеви многу. Исто така, тие го опишаа Лазаров како – жива легенда.
Living legend Lazarov@LazarovKiril7, as always, does the business for #NorthMacedonia tonight in their #ehfeuro2022 Qualifier against @finnhandball.#watchgamesseemore pic.twitter.com/WTPAWxKtfG
— EHF EURO (@EHFEURO) November 4, 2020