Хјустон подготвува размена во која ќе се ослободи од Вестбрук


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Расел Вестбрук многу лесно би можел во следната сезона да стане член на некој друг клуб. Новинарите блиски до клубот открија дека управата на Хјустон рокетс има намера да го вклучи кошаркарот во размена.

Тоа го активираше алармот кај Лос Анџелес Клиперс, кој го контактираше Хјустон за да го добие потписот на плејмејкерот. Клиперс во свои редови имаат многу искусни кошаркари, но сигурно би сакале да се засилата со кошаркар каков што е Вестбрук.

Оваа приказна се појави веднаш откако Вестбрук и Харден кажаа дека се загрижени за иднината на Хјустон со актуелниот состав.

Вестбрук во текот на цела кариера имаше одлична статистика, а беше и главен виновник за распадот на тимот на Оклахома, а кошаркарот кој наполни 31 година, има малку време да го демантира тоа.