Коби, откако почина, „заработил“ 20 милиони долари!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант трагично го загуби животот на почетокот на годинава.

Брајант почина во јануари во хеликоптерска несреќа во близината на Лос Анџелес, а меѓу жртвите беше и неговата ќерка Џиана.

„Форбс“ вчера ја објави листата на најбогати луѓе во светот, а имаше и список со починати познати личности, кои „заработуваат“ голема сума, иако повеќе не се на овој свет.

Коби е на третата позиција затоа што „заработил“ 20 милиони долари, а најзаслужен за тоа е „Најк“, кој ги распродал сите негови производи.