Кармело Ентони си договори нова едногодишна соработка!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кармело Ентони и следната сезона ќе го носи дресот на Портланд Трејл Блејзерс, иако имаше шпекулации дека ќе се врати во Њујорк никс, но на крајот сепак реши да остане во Портланд, каде што ја оживеа кариерата.

Ентони ќе потпише едногодишен договор и така ќе биде дел од перспективната екипа, која повторно ќе се бори за висок пласман во НБА-лигата.

Мело минатата сезона во натпреварите од плејофот постигнуваше во просек по 15,4 поени и 6,3 скокови.