Легенда на Ливерпул го растури Погба: Ти си преценет фудбалер, срамота!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Прославениот дефанзивец на Ливерпул и еден од најдобрите аналитичари во моментов, Џејми Карагер смета дека Пол Погба е најголемо промашување на Манчестер јунајтед во историјата.

Менаџерот на Погба, Мино Рајола кажа дека неговиот агент завршил со Јунајтед. Погба не е задоволен со неговиот статус во клубот и во следниот преоден рок најверојатно ќе си замине.

„Ослободете се од него, ви го зборувам тоа веќе 12 месеци. Тој е преценет фудбалер. Мислам дека ова е срамота. Менаџерите во денешно време не се само менаџери, тие се родители, најдобри пријатели, финансиски советници… Одат заедно за празници. Тој ќе биде најдобар пријател на Погба. Јунајтед сака да се ослободи од него, немој да се лажете“, порача Карагер.