Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот претседател на Ф1, Чејс Кери вели дека трките треба да се возат и во големи градови како што се Лос Анџелес, Њујорк или Мајами.
Кери е поставен за директор од страна на новите сопственици на Ф1.
Кери прв пат се појави во Сингапур минатиот викенд,а темата на календарот и распоредот на трки е прва работа за која се изјаснија новите сопственици.
„Сеуште е рано за да имаме јасен план, но имаме план Ф1 да се вози во Америка. Голем број љубители во САД немаат шанси да гледаат трки. Не сакам да ги критикувам претходниците бидејќи не знам како работеле претходно. Ф1 е голем бренд и за мене тоа значи дека треба Ф1 да биде присутна во градови како Лос Анџелес, Њујорк и Мајами.“
На прашањето за тоа кои се најголемите предности на Ф1, Кери не знаеше точно што да одговори:
„Не сум сигурен дека можам да изберам, да речеме 3 работи, но ќе се обидам. Одличен автомобил и технологија, ѕвезди кои се вистински херои меѓу љубителите на овој спорт. Не сум бил на сите патеки, но оваа во Сингапур е одлична. Суштината е во трките, но ова може да биде целонеделна забава со музика и организирани настани. И тоа е тоа што е најважно – да направиме одличен настан.“