Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на фудбалската репрезентација на Италија, Џанлуиџи Буфон го пропушти денешниот тренинг на репрезентацијата поради грозница, соопшти Фудбалскиот сојуз на Италија.
Репрезентацијата на Италија после две кола го обезбеди првото место во групната и пласманот во осминафиналето од Европското првенство и се очекуваше селекторот Антонио Конте да го одмори 37 годишниот Буфон во последното коло од групната фаза во кое Италија ќе игра против Ирска.
Со оглед на новонастаната ситуација, Џиџи сигурно ќе го прескокне натпреварот против Ирците.
Тоа не е се кога станува збор за здраствените проблеми во таборот на актуелниот вицешампион на Европа.
Антонио Кандрева тренираше одвоено бидејќи се опоравува од повредата на тетивата која ја заработи во петокот во натпреварот против Шведска.