Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски продолжи со одличните настапи во НЦАА-лигата и учествуваше во победата на Вашингтон стејт против Нортвестерн стејт (62-52).
Јакимовски имаше лош шут од поле, но од линијата за слободни фрлања постигна три поени. Сепак, мора да се спомене дека Македонецот имаше дури 12 скокови и го урна претходниот рекорд, кој изнесуваше осум скокови.
Вашингтон се наоѓа на првата позиција на табелата и има осум победи по осум одиграни натпревари.
1:46 2H | Cougs finding ways to stay out front, including grabbing 16 offensive rebounds
— WSU Men's Basketball (@WSUCougarMBB) December 23, 2020
57-48 WSU#GoCougs pic.twitter.com/YWDaAeF1SQ