Откриено кој ќе го глуми Дарко Панчев во филмот за Црвена Звезда

Српските медиуми објавија дека ќе се снима филм за најголемито успех во историјата на Црвена Звезда во 1991 година, а сега беа објавени и детали за тоа кој ќе го глуми поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев.

Улогата на Панчев ќе ја добие фантастичниот актер Милош Биковиќ, кој глуми во многу добри филмови и серии.

„Не можам сега да кажам во која улога најдобро би се вклопил, но прво што ми паѓа на памет е Дарко Панчев. Можеби таа улога најдобро ‘ќе ми легне’. Тој успех на Звезда е нешто посебно и сигурно филмот би имал голема вредност“, кажа Биковиќ.