Проблеми пред дербито со Милан: Јувентус има уште еден позитивен фудбалер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус се наоѓа во огромни проблеми пред натпреварот против Милан. Откако позитивен тест на ковид-19 имаше Алекс Сандро, сега се појави нов случај на вирусот, а заразен е Хуан Квадрадо.

„Старата дама“ ги потврди информациите на медиумите и порача дека Квадрадо е позитивен на тестирањето.

„Сакаме да објавиме дека по последното тестирање Хуан Квадрадо е позитивен на коронавирус“, соопштија од тимот.

Колумбиецот нема никакви симптоми и во моментов се наоѓа во изолација, а Квадрадо не играше на претходниот меч против Удинезе.