Клоп со Американец ќе ја „крпи“ одбраната на Ливерпул?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„ЕСПН“ објави дека Ливерпул пронашол засилување за одбраната во екипата на Њујорк Ред Бул, а станува збор за Арон Лонг.

Ливерпул не може да смета на Ван Дајк и Гомез, а се повреди сега и Матип, па така Јирген Клоп нема решенија во одбраната и затоа мора да купува нов дефанзивец.

Капитенот Џордан Хендерсон против Тотенхем мораше да игра во одбраната, а сега Клоп ќе го купи 28-годишниот Лонг, кој ќе треба да ја пополни дупката во одбраната.