Ѕвездите на Баерн Минхен „заглавија“ на аеродром - како ќе стигнат до Катар?

Ѕвездите на Баерн Минхен „заглавија“ на аеродром повеќе од осум часа затоа што нивниот авион не добил дозвола за полетување за Катар.

Баерн Минхен ја освои Лигата на шампиони и тие треба да се борат за титулата на Светското клупско првенство, но поради лошите услови Баварците не тргнаа уште кон Катар.

„Нашето заминување за Доха е одложено повеќе од седум часа, авионот уште не добива дозвола за полетување“, соопштија од баварскиот гигант на социјалните мрежи.

Баерн првиот меч треба да го игра в понеделник против Ал-Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство.