Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер сити вчера славеше на „Енфилд“ со 4-1 против Ливерпул и така продолжи да чекори сигурно кон титулата во Премиерлигата.
Еден од виновниците за поразот беше голманот Алисон Бекер, кој двапати згреши и така прими два гола, по што тренерот Јирген Клоп бараше оправдување за тоа..
„Јасно е дека Алисон згреши, но не го обвинувам, можеби му беше ладно, можеби нозете му беа закочени. Тоа е фудбалот, милион пати успеа да го спаси нашиот гол, не може да го осудиме поради неколку грешки“, кажа Клоп.
Исто така, Клоп кажа дека нема да може да ја одбранат титулата, но ќе се борат за да завршат во топ-4 и да изборат пласман во Лигата на шампиони.