Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бернард Томиќ го заврши настапот на Австралијан опен во второто коло, но се потруди и покрај тоа да биде на насловните страни.
Претходно тоа го направи поради својата девојка, која е ѕвезда во филмови за возрасни, која ја донесе во карантин во Мелбурн.
Овој пат Томиќ се однесуваше незаинтересирано на мечот против Денис Шаповалов, кој славеше со 6-1, 6-3 и 6-2, кога делуваше целосно незаинтересирано на теренот.
Тоа го забележаа фановите кои го критикуваа на социјалните мрежи и го обвинија Томиќ дека не го почитувал турнирот и противникот.
Тоа го забележа и коментаторот Џон Вицжералд, кој работи на тениски преноси за австралиската телевизија и кажа дека не очекува Томиќ да го види во главната ждрепка следната сезона.
„Да, секако дека тоа е навредливо. Зошто мисли дека нема да се вратам? Тој е најлош коментатор кој сум го видел во животот“, вели Томиќ.