Вујовиќ не може да ги запре солзите: Ужасно, не прекинав да плачам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот југословенски и хрватски ракометар Златко Сарачевиќ почина во неделата од срцев удар на 60 години, а оваа вест ги изненади сите во регионот.

Сарачевиќ во кариерата стана светски првак во 1986 година, а десет години подоцна ги освои и Олимписките игри.

Тој беше и добар пријател со поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, кој е ептен потресен поради веста.

„Сега слушнав. Не можам да верувам. Едвај го преживеав заминување на Златко пред неколку месеци, па пред два дена на Балашевиќ, со кој бев голем пријател. Што ни се случува? Ужасно… Заедно го освоивме медалот на Олимпијадата, ми беше и помошник во Загреб. Ми беше повеќе од пријател…“, вели Вујовиќ.